По неколку часа маратонска расправа, советниците на Советот на Општина Битола ја прекинаа седницата за продажба на фудбалскиот клуб Пелистер и истата ја одложија за петок, на 29 август, во 11 часот, кога истата повторно ќе продоложи.
До прекин на седницата дојде поради тоа што советниците не ги прифатија условите на двата понудувачи и за овие два дена да се отстранат недореченостите во договорите за купување на Пелистер кои беа доставени од страна на двата понудувачи.
Б.В.
Tagged with: одложена седница совет