Home / Вести / Општината Битола ќе бара оштета од фирмата Макстрој

Општината Битола ќе бара оштета од фирмата Макстрој

        На новинарско прашање, но и на поставено прашање во Советот на
Општина Битола што се случува со улицата „Климент Охридски“ во Битола,
која на асфалтирање чека неколку месеци, градоначалничката Наташа
Петровска ја објасни актуелната состојба и најави санкции за изведувачот кој
не ги исполнил условите од договорот.
     -Кажав и покажав дека во сите инфраструктурни зафати влегуваме со
динамика која што треба да биде брза, експедитивна и тоа го покажавме
секаде каде што на терен имаа активности јавните претпријатија кои што се во
директна надлежност на општината. На ул. „Климент Охридски“, се што
требаше да направи ЈП „Водовод“, а во делот на канализацијата КЈП
„Нискоградба“, беше изведено во експедитивен краток рок. На јавна набавка,
беше прифатен изведувач да го направи коловозот и со него се склучи договор
според кој што изведувачот требало да се однесува. Меѓутоа, гледаме сите
дека сликата воопшто не е таква. Она што може да го направи локалната
самоуправа во такви околности е да ги превземе сите чекори согласно закон,
на санкционирање на онај кој што бил изведувач и барање на оштета на
самата општина и на граѓаните на Општина Битола. Тоа треба да биде пример
како треба да се однесуваат изведувачите кога утре или задутре ќе се одлучат
да конкурираат и да се јават на некоја јавна набавка и да побараат право за
некаков инфраструктурен зафат, но и да водат сметка дека тоа право носи
сериозна одговорност. Значи, локалната самоуправа ќе ги преземе сите
законски мерки за санкционирање на изведувачот“, рече градоначалничката
Наташа Петровска, за случајот со улицата „Климент Охридски“ во Битола, која
подолг временски период чека на асфалтирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!