Home / Свет / Петмина загинати во судир на воз и автобус кај Ниш

Петмина загинати во судир на воз и автобус кај Ниш

Бројот на загинати во несреќата што се случи утрово кај Ниш, кога воз удри во автобус, се искачи на 5.

Повредени се 30 луѓе. Од силината на ударот, автобусот, кој пренесувал деца во средно училиште, е преполовен.

Повредените се згрижени во Клиничкиот центар во Ниш, каде лакерите се борат за живот на повеќе од 10 луѓе, кои се со тешки повреди.

Несреќата се случи околу 7.30 часот, кога патничкиот воз кој тргнал во 7.14 часот од железничката станица во Ниш за Прокупље, при излез од железничката станица Меѓурово, од засега непознати причини, удрил во патнички автобус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!