Home / Uncategorized / Почна изградбата на фудбалскиот стадион под “Тумбе кафе”

Почна изградбата на фудбалскиот стадион под “Тумбе кафе”

Со рушење на северната трибина, денеска во Битола  почнаа  подготовките за изградбата  на фудбалскиот стадион под “Тумбе кафе”, капитален проект финансиран од Општина Битола.

Изведбените работи ги изведува  градежната компанија “Гранит”, која според  договорот стадионот треба да го изгради најдоцна за две години.

– Ова  е би рекол  историски момент за Битола која конечно  ќе добие фудбалски стадион по светски стандарди, нешто што со  децении го немаше, а  го заслужува. Она што го ветивме го реализиравме, истакна градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој го означи почетокот на градежните работи на северната трибина.

Инаку,  според зборовите на Талески вкупната вредност на инвестицијата е над 5 милиони евра, средства што со одлука на Советот на општината се обезбеднеи од буџетот на општината  Битола.

 

 

Б.В.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*