Home / Вести / Почна проектот “За зелена Битола“

Почна проектот “За зелена Битола“

Согласно предвидената динамика, Општината  Битола и ЈП “Комуналец“, денеска  започнаа со реализација на проектот „За зелена Битола“. Првата локација каде што се засадуваат зимзелени и листопадни дрвја е во близина на ОУ „Свети Климент Охридски“.

“Особено се радувам затоа што доаѓаме во дел на градот, каде што очигледно е видливо дека имало недостиг на дрвја и на садници. Започнуваме со динамика која во следниот период ќе се реализира на неделна основа. Мапирани се позициите, но она што особено ме радува е што деновиве доаѓаат наплив на барања од граѓаните на воочени локации од нивна страна, што покажува дека оваа е акција што ја спроведува Општина Битола, заедно со граѓаните, а во интерес на сите нас: Да имаме позелена и почиста Битола“,  рече градоначалничката на Општина Битола,  Наташа Петровска, нагласувајќи дека секоја садница повеќе е благодет и придонесува за прочистување на воздухот, поубава и почиста Битола.

Директорот на јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола, најави комплетно зазеленување на овој дел на градот, но и понатамошно хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема во новите паркови површини.

“Ова е еден голем проект со кој почнуваме денес. 25 зимзелени и 5 листопадни дрвја веќе се посадени. Истовремено, стоиме на располагање на сите граѓани, со свои идеи да придонесат за наша помош за зазеленување и на други површини. Нашите вработени и за постоечките и за новите паркови, ќе бидат задолжени со редовно одржување, чистење и наводнување. Од друга страна, бараме и од граѓаните да бидат наши помагачи во одржувањето и наводнувањето на овие површини“, рече директорот на ЈП Комуналец, Панде Богоевски.

Проектот„За зелена Битола“ е  финансиски  поддржан од РЕК “Битола“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!