Home / Вести / Полицијата го контролира Владимир Талески во домашен притвор

Полицијата го контролира Владимир Талески во домашен притвор

         

          По изрекувањето на пресудата од 8 години затвор од страна на судијката на Кривичниот суд, Добрила Кацарска, екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески од вчера се наоѓа  домашен притвор.

           Талески домашниот притвор го одлежува во станот каде што живее.

          Со  цел да утврди дали Владимир Талески ја почитува мерката домашен притвор  битолската полиција редовно го контролира во текот на денот.

          Инаку со првостепената пресуда на Кривичниот суд, за случајот

 “ Транспортер “, Владимир Талески, судијката   Кацарска го осуди на казна затвор од 8 години, а неговиот прв соработник, секретарот на општината Битола, Слободан Бончановски е осуден на казна затвор од 6,5 години.

          Инаку Владимир Талески и кога беше под истрага неколку месеци се наоѓаше во куќен притвор, кој дисциплинирано го издржуваше.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!