Home / Спорт / Раководството на ФК Пелистер ја покажа хуманата димензија, подарија новогодишни пакетчиња

Раководството на ФК Пелистер ја покажа хуманата димензија, подарија новогодишни пакетчиња

Деновиве во ОУ “ Ѓорги Сугарев “ во Битола, каде своето образование го стекнуваат деца од различен етнички состав и каде што голем број од учениците, особено од ромската заедница “другаруваат” со сиромаштијата, беше многу распеано и весело. Гости на училиштето беа раководството, стручниот штаб и фудбалерите на фудбалскиот клуб Пелистер.

pelister 1

Сите тие овој пат наместо на фудбалскиот терен беа во салата за приредби, каде ја следеа приредбата на најмладите ученици. Откако учениците на ОУ “Ѓорги Сугарев “ ги покажаа своите рецитаторски квалитети, од страна нафудбалерите на Пелистер беа наградени со грмогласен аплауз.

pelister 6
Подоцна следуваше свечениот чин за кој беа дојдени “ пелистерци “ во комплетен состав во училиштето. Раководството на Пелистер, УО, стручниот штаб и фудбалерите покрај спортската опрема со логото на клубот, на учениците им подарија новогодишни подароци, кои ќе се најдат покрај нивните новогодишни елки. Со ваквиот чин Пелистер ја покажа својата нова хумана димензија. До пред само извесно време фудбалерите на Пелистер поради кризата во која се наоѓаа постојано молеа за помош и бараа разбирање за нивната тешка финансиска и материјална состојба.

Откако на чело на фубалскиот клуб Пелистер е новиот сопственик, првиот човек на фабриката за сладолед “ Цермат “, Зоран Ристевски и шефот на стручниот штаб на клубот, прославениот фудбалски стручњак Ѓоко Хаџиевски во Пелистер дуваат нови ветрови.

Сега, кога клубот доби свој сопственик, Пелистер дарува помош, на тие на кои им е неопходна.

pelister 2

Откако на учениците им ги честита новогодишните празници директорот на Пелистер, Димче Шеровски истакна:
-Среќен сум што денеска сме гости на ова училиште. Знаејќи ја материјалната состојба на најголемиот број од учениците на “Ѓорги Сугарев “ одлучивме нашата нова хуманитарна политика на клубот да ја почнеме токму од ова училиште. Ова нема да биде единствена наша хуманитарна акција. Напротив во нашата нова клупска политика, ние како нова управа зацртавме секаде каде што можеме и колку што можеме во иднина да помагаме и за таа цел ќе организираме и хуманитарни натпревари. Младите ученици се нашите идни навивачи на Пелистер, кои ќе навиваат за нашиот клуб, истакна Шеровски.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*