Home / Култура / Се е подготвено за почеток на Фестивалот ” Браќа Манаки”

Се е подготвено за почеток на Фестивалот ” Браќа Манаки”

Во Битола се е во знакот на  најновото,38  издание на фестивалот “ Браќа Манаки “, кој вечерва во Центарот за култура свечено ќе биде отворен со  македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето”  од македонскиот режисер Милчо Манчевски и  потоа и со проекцијата на  бугарско – македонската копродукција „Насоки” на бугарскиот режисер Стефан Командарев.

Во Битола денеска се бара билет повеќе за свеченото отворање на фестивалот.

Кога би бил ваков интерест за другите денови, тогаш навистина Битола би била филмски град, велат организаторите на фестивалот , кои  информираат дека подготовките за гала отворањето се завршени и дека се е подготвено за почеток на фестивалот.

Според програмата, пред проекциите на филмовите, претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој е покровител на фестивалот ќе му ја врачи наградата „Златна камера 300” за животно дело на францускиот кинематографер Пјер Лом.

Вториот добитник на наградата за животно дело, италијанскиот кинематографер Џузепе Ротуно заради својата возраст не дојде во Битола, но признанието велат организаторите ќе  му биде дополнително врачено.

Фестивалот свечено ќе отворен со перформансот во режија на Нела Витошевиќ. Кореограф е Искра Сукарова, а ќе настапат актерите Сашко Коцев, Драгана Костадиновска, Денис Абдула, танчерот Агим Бафтии и студените од одделот за современ танц при Факултетот за музичка уметност од Скопје.

На годинашното издание на фестивалот има 10 различни филмски програми, 13 филмови во конкуренција за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300.

Меѓународното жири го сочинуваат  Пол Рене Ростад, кинематографер од Норвешка, а членови се: Лука Коасин, кинематографер од Италија, Јани – Петери Паси, кинематографер од Финска, Даријан Пејовски, режисер и сценарист, од Македонија и Ерол Зубчевик, кинематографер од Босна и Херцеговина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!