Don't Miss
Home / Градска хроника / Се е подготвено за празникот “Мала Богородица” во Новаци

Се е подготвено за празникот “Мала Богородица” во Новаци

Викендов,  во преубавиот пелагониски манастир “Рожденство на Пресвета Богородица” во Новаци ќе се прослави по 24 ти пат големиот верски христијански празник мала Богородица. Црковниот одбор се погрижи како и секоја година така и оваа да има богата културно- ументичка програма за многубројните гости кои обично доаѓаат во дворот на манастирот.

-По 24. пат ние како црковен одбор сме подготвени да го одбележиме празникот Рожденство на Пресвета Богородица, кој ќе се одржи во манастирот кој го носи името на претстојниот празник. По традиција како и во изминатите 23 години, се очекува голем број верници во очи празникот. Предвидените содржини ќе започнат на 20 септември околу 16 часот а на литургијата во 17 часот се очекува присуство на владиката Петар- изјави Вељо Тантаров ,претседател на ЦО на Манастир Рожденаство на Пресвета Богородица во Новаци.

gg-stefan-novaci2

Минатата година за време на празник Мала Богородица, манастирот во Новаци го посетија околу 17 000 верници.

-Овој ден е голем ден за нашата општина затоа што постои традиција која години наназад се почитува, поточно од кога е изграден манастирот во Новаци.Секоја година се организира верска прослава но и народен собир во дворот на манастирот а се назначува и кум на прославата кој дава ручек за присутните верници.Од цркобвниот одбор велат дека догодина сакаат мене да ме назначат за кум односно општина Новаци и јас со задоволство тоа ќе го прифатам, бидејќи постојано го помагаме и одржуваме манастирот а минатата година дониравме средства за започнување со изградба на салата за свадби,крштевки и венчавки- изјави Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

 

Катерина Чукалевска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*