Don't Miss
Home / Uncategorized / Со низа свечености во Општината Општина Новаци прослави 20 години постоење

Со низа свечености во Општината Општина Новаци прослави 20 години постоење

Со одржување на свечена седница на Советот на Општината,  одбележувањето на патрониот празник на ЦОУ “ Славко Лумбарковски“,  одржување  низа културни и спортски манифестации,  полагање букети свежи цвеќиња пред споменикот на бранителот од конфликтот во  2001 година Пеце Матичевски, како и со врачување благодарници и признанија на голем број установи, фирми и поединци, кои дадоа значаен придонес за спасување на Новаци од големите поплави кои ја зафатија општината минатата година,  како и санирање на последиците од поплавите, Новаци  деновиве го прослави својот  роденден,  20 години од формирањето.

Празнувањата започнаа со одржување свечена приредба   на учениците од ОУ “Славко Лумбарковски“  кои со низа манифестации и активности го прославија, не само роденденот на Општината, туку и 59 години постоење на ова училиште.

Во мошне релаксирана и весела атмосфера, учениците имаа подготвено навистина многуб-ројни интересни точки, а  по повод големиот јубилеј организираа и отворен ден, на кој имаа направено неколку работилници.

Отворен ден беше организиран и во Општината Новаци за многубројните гости и пријатели на оваа локална самоуправа.

Општина Новаци прослави  20 години постоење

Општина Новаци прослави 20 години постоење

-Денеска го одбележуваме денот на Општина Новаци и 20 години постоење. Чествувањата започнаа со прослава на патрониот празник на ЦОУ “Славко Лумбарковски“, а продолжија  со  одржување на отворен ден и спортски активности во училиштето. Потоа се положи цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски, кој е роден  во Новаци, а  кој загина во конфликтот во 2001 година. Исто така имавме и свечена седница на Советот, доделување на благодарници за оние кои донираа средства  за време на поплавите, а потоа се одржа за гостите и учесниците  и свечен коктел, рече Лазар Котевски, градоначалник на Општината Новаци.

На свечената седница на Советот пред советниците, општинската администрација и медиумите градоначалникот Лазар Котевски посебен акцент стави на развојот на општината и многубројните проекти кои се реализираа во изминатите 20  години, со посебен акцент на реалзираните проекти во изминатите 11 години, откако тој ја извршувафункцијата градоначалник,  период во кој се реализирани проекти во вредност од над 9 милиони евра, но и оние кои се планирани за следниот период.

-Во овие 11 години од кога јас сум на чело на Општината Новаци асфалтиравме локални улици во сите населени места, во должина од 35 км, локални патишта во должина од 30 км, а изграден е и регионалниот пат Новаци – Клепач,  во должина од 19 км.

Воедно, комплетно ја реновираме и ја надградивме општинската зграда, партерно го уредивме дворот пред Општината,  поставивме споменик на дедо Кољо војводата Добровенски, поставивме  нова ограда  и изградивме фонтана. Со пари од буџетот на Општината, како и Министерството за образование и Агенцијата за млади и спорт,  изградивме нова спротска сала,  повеќенаменско игралиште и 5 ракометни игралишта. Во овој период изградивме ново училиште во село Далбеговци, извршивме адаптација на старото училиште во село Рапеш, реновирани се сите 7- те подрачни училишта, како  и Централното основно училиште “Славко Лумбарковски“ во Новаци. Во исто време направивме чистење на крупната вегетација на коритото на реката Црна, во должина од 30 км, затворени се 16 пропусти и спроведено е чистење на коритото на реката Елешка. Започнавме со реализација на три големи капитални проекти: префрлањето на хидросистемот “Стрежево“ преку реката Црна, изградба на детска градинка  и спроведување на парното греење од РЕК “Битола“ до Новаци, истакна  градоначалникот Котески.

Општина Новаци како единица на локалната самоуправа постои од 1996 година и е составена од трите поранешни општини Новаци, Бач и Старавина.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*