Home / Спорт / Состојбата во Пелистер алармантна

Состојбата во Пелистер алармантна

Состојбата во ФК Пелистер е алармантна. И покрај тоа што вчера „пелистерци “ требаше да стартуваат со подготовки, тие тоа не го направија. Тренерот Спасе Ристевски не ја закажа призивката затоа што нема фудбалери. Од 25 играчи колку што броеше составот на Пелистер сега се останати само 7. играчи. Со 7 фудбалери  Пелистер не може да состави екипа ни за мал фудбал.

Тоа што посебно загрижува е што работите во Пелистер стојат  статус кво. Сопственицте и натаму остануваат на одлуката да го остапат Пелистер на општината,а од општината велат дека тие нема да го земат клубот назад доколку сопствениците на доминатниот пакет акции не ги исплатат сите долгови.

Во мегувреме играчите го напуштаат Пелистер.

Чкембарите деновиве се заканија со протести, но и тие иако најавија радикализација на решвањето на проблемот со Пелистер како сеуште да размислуваат.

Од извори на Битолски весник дознаваме дека доколку не се преземи нешто конкретно Пелистер сигурно ке испадни од Првата лига. На Пелистер ни велат нашите извори му се заканува дури и испаѓање во Четвртата лига доколку фудбалерите на Пелистер го тужат клубот за неисплатени плати и договори.

Како и да е Потребно е итно решвање на состојбите во Пелистер, зашто во спротивно црно му се пише на битолскиот прволгаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!