Home / Македонија / Средношколците протестираа против екстерно и математика

Средношколците протестираа против екстерно и математика

Неколку илјади средношколци со транспаренти в рака денеска кажаа не на екстерното тестирање и полагањето математика како задолжителен предмет од државната матура.

Тие маршираа од градскиот парк до пред зградата на Министерството за образование и наука.

Меѓу присутните освен средношколци од неколку училишта, имаше и студенти кои беа дел од движењето Студентски пленум, а имаше и професори и родители.

Моника Пешевска од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ рече дека пред извесно време поднеле барање до надлежните, но биле одбиени.

– Минатата недела на писмено ги поднесовме нашите барања, но тое беше одбиено. Затоа го организиравме овој протест. Ние сме на став дека екстерното тестирање веќе неколку години не дава резултати. Засега не знаеме кои следни чекори ќе ги преземеме. Чекаме одговор на нашите барања од министерството и од Бирото за развој на образованието. За натамошните активности, ќе се договориме дополнително – изјави Пешевска.

Извор: Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*