Home / Вести / Стартува судскиот процес “Транспортер“

Стартува судскиот процес “Транспортер“

Денеска во Основниот суд во Скопје треба конечно да почне судскиот процес “ Транспортер “ во кој од страна на СЈО првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески  за проневера на 360.000 евра.

Освен Талески, обвинети се уште дваесет лица за злоупотреба на службената положба и овластувања. Според обвинението, вработени во Општината, директори на битолски училишта и газди на фирми за превоз се сомничат дека преку коруптивни тендери за превоз на ученици го оштетиле буџетот на Република Македонија.

Во изминатиот период овој судкси процес во два наврати беше одложуван поради отсуство на некои од обвинетите. Дали денеска конечно ке стартува овој судски процес останува да се види.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!