Home / Вести / Судот не знае каде живее Мијалков

Судот не знае каде живее Мијалков

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, не се појави на денешното рочиште за предметот „Тортура“ во Кривичниот суд. Како што беше кажано на судењето, Мијалков не ја примил поканата за денешното рочиште, па затоа обвинителите истакнаа дека доколку не може да се најде на домашна адреса, поканата да му се врачи во четврток кога во 12 часот се пријавува во Кривичниот суд.

На прашање на судот до адвокатот Љупчо Шврговски, дали има друга адреса на која живее Мијалков, тој посочи дека не ја знае точната адреса, но како што истакна живее точно под Панорама на Водно.

Следното рочиште е закажано за 7-ми мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!