Home / Uncategorized / Тешко повреден битолчанец

Тешко повреден битолчанец

Во текот на вчерашниот ден во ОУ “Коле Канински” во Битола, бил пронајден тешко повреден граѓанин на возраст од 34 години.

Поврдениот маж имал  тешки телесни повреди  по главата, потрес на мозокот како и повреди на увото.

Со такви повреди  од страна на итната медицинска помош, бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му е укажана медицинска помош.

Во СВР Битола засега не излегуваат со поединости за повредениот.

Оттаму велат дека е извршен увид на местото каде што бил пронајден 34 годишниот граѓанин.

Инаку, истрагата е во тек.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*