Home / Uncategorized / Тврдокорните повторно на протести

Тврдокорните повторно на протести

Граѓанското здружение „Тврдокорни“ попладнево во центарот на Скопје со пеење на патриотски песни и повици за чиста Македонија одржа мирен протестен марш за аболиција на, како што наведуваат, уставобранителите.

„Тврдокорни“ од Владата бараат разјаснување и за законот за јазиците, за миграцијата и за бугаризацијата.

Протестот почна пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ и продолжи пред Владата, Собранието и пред споменикот на бранителите.

Граѓанското здружение „Тврдокорни“ најави дека на 13 септември, за време на одржувањето на собраниската седница за донесување на законот за јазиците, повторно ќе протестираат.

На денешниот протест, Јанко Бачев, претседателот на Народното движење на Македонија изјави дека неговата партија трипати досега поднесувале барање за закон амнестија за учесниците во настаните во Собранието на 27 април, и трипати тоа им било одбиено од претседателот на парламентот Талат Џафери.

За Бачев тоа беа луѓе кои влегоа во Собранието за да го бранат Уставот и никој не влегол таму заради насилство против лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „Тврдокорните“ денеска соопштија дека за нив новата влада е незаконска, нелегитимна и неуставна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*