Грчкиот министер Никос Коѕиас денеска на прес-конференција во Скопје се обиде да ја образложи позицијата на Атина договорот во спорот за името да биде проследен со промена на македонскиот Устав.
-Го земаме во предвид искуството во ЕУ со одлуките на уставни судови, кои сметаат дека Уставите се над европското и меѓународното право – рече Коѕиас, посочувајќи примери со Уставниот суд во Германија и спогодбата од Лисабон.
Тој додаде дека барањето за уставна промена треба да се разјасни, но, според него, не може да се отвори во овој момент среде преговарање.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
