Home / Uncategorized / Утре во Новаци Македонска венчавка

Утре во Новаци Македонска венчавка

Утре, недела ,10-ти септември во дворот на Општина Новаци со почеток во 11,00 часот започнува манифестацијата „Македонска етно венчавка“.

Со неа оваа година го завршуваме Културно лето Новаци 2017.

Агендата манифестацијата е збогатена и со „Ревија на македонски народни носии“ , на која учествуваат претставници од повеќе региони во Македонија, кои што ќе ги претстават своите специфични обележја на носиите од својот крај.

Друга новина е и гастрономскиот натпревар во подготовка на традиционални и автентични јадења со кои ќе биде претставена богатата ризница и богатото културно наследство за регонот на Пелагонија и Република Македонија .

Со ова ќе биде прикажана можноста за презентација на вештините и способностите на учесниците со нивниот гастрономски потенцијал кој би можел да придонесе за развој на општината во функција на комплетната туристичка понуда на општината и регионот .

Натпреварувањето е во четири поединечни и една групна категорија која соодветствува со манифестацијата, а тоа е „Подготовка и сервирање на маса за свадба“. Пријавени се учесници од Општина Новаци и Општина Могила. На манифестацијата учествуваат КУД Новаци и повеќе културно уметнички друштва од регионот кои ќе ја збогатат програмата. Носител на манифестацијата е „Центарот за едукација и негување на традцијата и фолклор „Етно Илинден  “ Битола , и „Центар за обука и примена“ Битола. Организацијата е на Културно иновативниот клуб и Општина Новаци

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*