Home / Вести / Заев: Овој викенд останете дома

Заев: Овој викенд останете дома

Од денеска од 21 часот почнува полицискиот час за продолжениот викенд и ќе трае до 5 часот наутро во понеделник.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги повика граѓаните да останат дома за овој викенд, за како што рече, посилни да го изминат овој момент.

„Само со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од 2 метри и да нема групирање.

Корона вирусот е реалност и никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба.

Овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.

Само ако сме обединети ќе го надминеме овој предизвик. Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас. Ќе успееме!“, напиша Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!