Home / Култура / Завршува Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

Завршува Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

Со настап на ансамбли од Чиле, Чешка, Словенија, Хрватска, Грција и од Македонија, во античкиот театар на Хераклеја Линкестис денеска завршува 47. Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Од Центарот за култура-Битола, организатор и домаќин на фестивалот, информираат дека по синоќешната вечер на староградска музика и игра, следува завршна интернационална вечер и доделување на фестивалските награди и признанија.

На интернационалната вечер ќе настапат АФС „Франце Маролт“ од Љубљана, Словенија, ансамблот „Филои Тис Парадосис“ од Кожани, Грција, ФА „Пол’ана“ од Брно, Чешка, КУД „Петар Прерадовиќ“ од Ѓурѓевац, Хрватска, ансамблот „Лос дел Био Био“ од Консепсион, Чиле, и ансамблот „Македонија“ од Скопје.

Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*