Home / Македонија / Заев и Борисов ќе стават потпис на договорот за добрососедство

Заев и Борисов ќе стават потпис на договорот за добрососедство

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска во Скопје треба да го потпишат договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Борисов ја предводи бројната бугарска делегација, која два дена ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Предвидено е бугарскиот премиер да пристигне во земјата претпладнево, а официјалната церемонија со сите државни и воени почести е планирана за напладне пред Владата на Македонија. Потоа, Заев и Борисов ќе имаат тет-а-тет средба. Според агендата, двајцата премиери ќе го потпишат договорот  во 13 часот и 35 минути, по што ќе дадат изјави за медиумите. Договорот треба да биде потпишан на македонски и на бугарски јазик.

Во текот на денот македонските министри и нивните бугарски колеги ќе имаат билатерални средби. Предвидено е и потпишување на неколку меморандуми за соработка.

За утре, 2 август, кога се одбележува националниот празник Илинден, предвидено е заедничко чествување во црквата Свети Спас во Скопје, каде се наоѓа гробот на Гоце Делчев.

За време на посетата на Македонија, Борисов ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*