Битолчанецот Јане Богоевски, кој долги години беше вработен во Министерството за надворешни работи и за кој велат дека е дипломат од кариера, е нов в.д. амбасадор на Република Македонија во Русија.
Јане Богоевски, кој е на возраст од 54 години е познат битолски шахист, член на шаховскиот клуб “ Стево Патако “, долги години е еден од најдобрите шахисти во државата.
Инаку, Богоевски пред да замини на работа во дипломатијата во Скопје долги години беше вработен во трговската куќа “ Јавор “ а подоцна и во “ Континентал.
Б.В.