Во Битола, за првпат беше изведена моно- операта “Дневникот на лудиот“ според краткиот расказ на Николај Васиљвич- Гогољ, проект на Движечкиот музички театар (Moving Music Theatre) во соработка со Центарот за култура од Битола.
-Станува збор за современа опера која во себе главно ја содржи музичката драматургија. Не станува збор за класична опера, туку седумдесет проценти е музика а останатото е драмски текст. Моно- операта “Дневникот на лудиот“ дава поинаков, невообичаен импулс за публиката- истакна Марјан Неќак, режисер, сценограф во моно- операта кој воедно се погрижи и за музиката која доминира во овој проект.
Моно- операта е нова форма со која се среќавам во театарот, бидејќи во прв план не се ставени до крај совршените вокални или музички форми, туку музиката се користи како средство за изразување- вели Озрен Грабариќ, кој е задолжен за изведбата во моно- операта.
– Овој проект работен по краткиот расказ на Гогољ зборува за продлабочувањето на јазот во светот помеѓу сиромашните и богатите и фрустрациите со кои сите се соочуваме од таквата ситуација- истакна Грабариќ.
Инаку претставата пред публиката се изведува на англиски и шпански јазик со превод на македонски.
Инаку, Движечкиот музички театар иако со седиште во Битола, Македонија се стреми да ги претстави нивните продукции насекаде низ светот.
Битолски Весник Весник што се чита и прераскажува 60 години со читателите
