Со професионалниот пристап кон глобалните акции за подобрување и поголема ефикасност на начините за лична заштита, самоодбрана, едукација и практична примена, Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” – Битола, согласно својата програма за општествени активности го најавува едодневниот Семинар за лична заштита, прв од ваков вид во Република Македонија.
Семинарот ќе го води меѓународнот експерт за боречки вештини и самоодбрана, Grandmaster Златко Неделковски, а ќе се одржи на 15 март 2015 година во просториите на Академјата во месната заедница “Тодор Ангелевски” – Битола, со почеток од 17:00 часот.
Согласно програмата изготвена од Неделковски, семинарот ќе се состои од два дела, теоретски, на кој ќе се опфатат варијации на начин, комуникација, пристап, препознавање и реализација при конкретни ситуации. Практичниот дел ќе опфати модели на ефикасни реакции во реални ситуации, напад од еден или повеќе напаѓачи, без или со оружје.
Во време кога и пристапот и методите на насилниците следат некој нов светски тренд на измени, сметаме дека е соодветно време и начинот на лична заштита да го адаптираме на реалните ситуации од денешницата, следејќи ги светските стандарди на професионализам.
Повеќе информации во Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО“ – Битола, месна заедница “Тодор Ангелевски”, секој работен ден од 18:00 часот.
Б.В.