Home / Uncategorized / Дадо Топиќ го откажа учеството на “Бит Фест“

Дадо Топиќ го откажа учеството на “Бит Фест“

Легендарната музичка ѕвезда Дадо Топиќ нема да има настап во Битола на овогодинешното издание на манифестацијата ,,Бит Фест’’ како што беше првично најавено, на четврти јули.

Тој го откажал својот настап со Битолскиот камерен оркестар, и покрај тоа што концертот ,,Рок симфонија’’ беше најавен од страна на општината. На негово место доаѓа Ненад Милосавјевиќ Неша од популарната група Галија.

Дадо ја открива причината поради која бил принуден да го откаже својот настап, и вели дека ќе најде начин да и се оддолжи на верната публика во Битола.

-Навистина ми е многу жал, Македонија е земја која што ја носам во срцето и секое гостување кај вас ми е посебно драго. Ја имам таа поврзаност со публиката, нешто на кое сум посебно горд. Сепак, и покрај тоа што се радував на гостувањето и веќе го имав подготвено репертоарот, морав да го сменам планот. Имено, веќе имав договорено снимање за една компанија во Амстердам, Холандија. За жал, се поклопија датумите… Беше договорено да започнам со снимањето на 6 јули, но организаторите од Холандија ми се јавија и ме известија дека веќе на 1 јули морам да бидам во студиото. Договорот со компанијата од Амстердам ми беше склучен уште во месец јануари. Но, јас верувам дека набргу ќе и надоместам на мојата верна публика  изјави музичарот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*