Home / Македонија / Едмонд Темелко излезе од Шутка,оди во куќен притвор

Едмонд Темелко излезе од Шутка,оди во куќен притвор

По два месеци поминати во притворското одделение во затворот во Шуто Оризари, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко ќе биде пуштен во куќен притвор. Како што потврдуваат од Кривичниот суд, одлуката за притвор е укината и преиначена во куќен притвор. Темелко е обвинет во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности.

„Кривичниот суд по службена должност во петокот донесе одлука за продолжување на притворот за нови 30 дена. Кривичен совет постапувајќи по барањето на одбраната на Темелко, а со согласност на СЈО, донесе решение со кое го укинува притворот и му определува мерка куќен притвор“, велат од Кривичен.

Темелко беше притворен пред два месеци на барање на СЈО бидејќи не ја почитувал мерката на претпазливост која му беше определена, одземање пасош и забрана за напуштање на државата. Минатава недела неговата партија, Обединетата македонска дијаспора, Македонското друштво „Илинден“ од Албанија и ВМРО-ДПМНЕ побараа ослободување на Темелко поради неговата нарушена здравствена состојба.

Според обвинението, Темелко се товари за три кривични дела злосторничко здружување, повреда на избирачкото право и поткуп при избори и гласање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*