Home / Uncategorized / ЕУ ќе поддржи бројни проекти за подобрување на животот на битолчани

ЕУ ќе поддржи бројни проекти за подобрување на животот на битолчани

Европската унија, како и во изминатиот период, така и во иднина несебично ќе се залага за решавање на проблемите со кои се среќаваат граѓаните на Битола, како и за реализација на некои крупи проекти, кои од страна на општината Битола ќе се преземаат за подобрување на животот во градот под Пелистер. Ова денеска и го соопшти на градоначалничката на Битола, евроамбасадорот во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Тој притоа, за време на посетата во Битола подвлече дека ЕУ е заинтересирана за реализацијата на проектот за изградба на пречистителната станица кој со средства на Европската унија треба да се реализира во наредниот период, потоа развој на алтернативниот туризам во Националниот парк Пелистер, како и за надминување на проблемот со загадениот воздух во
Битола.

За време на посетата на Битола, Самуел Жбогар беше во посета на неколку институции во Битола кои со средства на ЕУ се реализираа во изминатиот период.

– Со градоначалничката Наташа Петровска ги детектиравме сите проблеми со кои се среќава Битола, како со загадениот воздух кој го дишат битолчани, потоа проблемот со долговите на училиштата, туризмот. ЕУ е тука да ги поддржи сите напори и настојувања на локалната власт за решавање на тие проблеми, како и за реализација на проектите кои во идниот период планира да ги реализира општината Битола – рече Самуел Жбогар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*