Home / Вести / Игласан законот за амнестија

Игласан законот за амнестија

Со 95 гласа „за“ Собранието денеска по скратена постапка го донесе Законот за амнестија.

На предлогот се приклучија и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, како и Панчо Минов од ГРОМ.

Предлогот е поднесен од пратениците Емилија Александрова, Фросина Ташевска Ременски, Зеќир Рамчиловиќ, Мухамед Зеќири, Горан Мисовски, Весел Мемеди, Соња Мираковска, Снежана Калеска Ванчева, Нола Исмајлоска, Јован Митрески, Владанка Авировиќ, Артан Груби, Бранко Маноиловски, Агим Шаќири, Павле Богоевски, Ирена Стефоска, Чедомир Саздовски, Далибор Богдановски, Костадин Ацевски, Елизабета Канческа Милевска, Мерал Узеири Ферати, откако денеска беше соопштено дека Интерпартиската парламентарна група за реформи, помирување и интеграција постигнала согласност за законското решение.

Согласно Предлогот, амнестијата не ги опфаќа организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања. Од амнестија ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно чл. 324 од КЗ.

Сите обвинети за насилствата во македонското Собрание од 27 април имаат право во рок од пет дена по донесувањето на законот да поднесат индивидуални барања за амнестија, а судот ќе донесе решение по мислење на ЈО, а врз основа на докази со кои располага.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!