Home / Свет / Клинтон ја зголемува предноста пред контроверзниот Трамп

Клинтон ја зголемува предноста пред контроверзниот Трамп

Демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон ја зголеми предноста во рејтингот пред републиканскиот противкандидат Доналд Трамп на осум процентни, пишува Вашингтон пост“.

Телефонската анкета спроведена, меѓу 1 и 4 август, покажува дека Клинтон ја има поддршката на 50, а Трамп на 42 отсто од испитаниците.

Бившата шефица на американската дипломатија значително доби на популарност по конвенцијата на Демократската партија, одржана од 25 до 28 јули во Филаделфија, која покажа дека партијата, за разлика од Републиканската е обединета околу својот кандидат.

Анкетата покажува дека на зголемувањето на популарноста на Клинтон влијаеле и гафовите на Трамп.

Во меѓувреме, Трамп, како што јавуваат американските медиуми, продолжува со скандалозните изјави. Контроверзниот милијардер изјави дека Хилари Клинтон е „ментално нестабилна“, коментирајќи го нејзиното признание дека доживеала „краток спој“ во аферата со приватните мејлови.

– Луѓето во оваа земја не сакаат некој што ќе доживува кратки спојови – изјави Трамп пред приврзаниците во Њу Хемпшир.

 
Клинтон во петокот призна дека „можеби доживеала краток спој“ кога се обидела да даде објаснување во врска со употребата на својот приватен сервер за праќање државни мејлови, пренесува МИА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*