Home / Вести / Конгрес на ВМРО ДПМНЕ на 23 декември

Конгрес на ВМРО ДПМНЕ на 23 декември

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва договори да биде свикан Конгрес на партијата на 23 декември.

На Конгресот ќе биде разгледана оставката на лидерот на партијата, Никола Груевски, што тој ја најави пред неколку дена.

„Независно каков ќе биде резултатот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам оставка пред органите на партијата. Партијата, во согласност со Статутот, ќе организира вонреден конгрес, на кој, освен извештајот за анализата на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Груевски во петокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!