Home / Култура / Концерт на Сара Ароесте

Концерт на Сара Ароесте

НУ Центар за култура-Битола вечер ќе организира концерт на американската музичка ѕвезда на ладино музика со битолско потекло Сара Ароесте која претпладнево пристигна во овој град.

Семејството на Сара Ароесте потекнува од Битола и таа во текот на денот ќе ја посети некогашната куќа на нејзиниот дедо која и денес се наоѓа на Широк Сокак, потоа ќе ги посети Еврејските гробишта во Битола каде се наоѓа семејната гробница на големото семејство Ароести, како и други локации во градот во кој првпат доаѓа, истакна Зоран Димовски, в.д. директор на НУ Центар за култура-Битола.

– Со концертот на Сара Ароесте на најдобар можен начин го одбележуваме Денот на независноста на Република Македонија. Сара не ги крие емоциите што ја поврзуваат со Битола и затоа токму од архивата на нејзиното семејство вечер во Битола за прв пат ќе бидат емитувани видео материјали од свадбеното патување и престој на нејзините родители во Битола во 1930 година, и секако публиката ќе ја чуе нејзината стандардна сефардиска ладино музика, посочи Димовски.

Сара Ароесте пред публиката во Битола ќе исполни еврејско-шпански народни песни, ладино музика од нејзините албуми меѓу кои популарниот албум „Грација“ од 2012 година и првиот двојазичен музички албум испејан на ладино-англиски јазик „Together-Endjuntos“.

Американската пејачка во 2014 година на фестивал на еврејска музика во Амстердам освои Сефардска награда, а во 2015 учествувала на меѓународниот фестивал на сефардска музика во Кордоба, Шпанија, информираа од НУ Центар за култура-Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!