Home / Култура / Концерт „Рок симфонија“ на Битолскиот камерен оркестар

Концерт „Рок симфонија“ на Битолскиот камерен оркестар

Камерниот оркестар на Битола во неколку македонски градови ќе одржи серијал летни концерти со наслов „Рок симфонија“.

Од Битолскиот Центар за култура информираат дека првиот концерт ќе се одржи вечер на ракометното игралиште, а потоа следуваат настапи на плоштадите во Штип и Кавадарци.

Со истоимениот концерт ќе биде затвореногодинашното Скопско културно лето.

Покрај хорот и оркестарот на коцертите во рамки на летната турнеја, со Битолскиот камерен оркестар ќе настапат солистите Михајло Трајковски, Жарко Јакимоски и Петар Христов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*