Home / Uncategorized / Козаров: Кога Талески го смислил сценариото “Битола филмски град“

Козаров: Кога Талески го смислил сценариото “Битола филмски град“

Битолскиот градоначалник Владимир Талески имал мултимедијална продукција уште пред да стане градоначалник во периодот од 2004 до 2009 година, рече денеска советникот од СДСМ – Битола, Горан Козаров, презентирајќи документ.


.
– Дали тогаш го смислил сценариото за денешниот филм кој денес го живеат битолчани а е најблиску до жанрот хорор?

Дали уште тогаш во 2004 год визијата на ДПМНЕ на чело со Талески беше Битола да биде најзагаден град, град без спорт, без младина, без инфраструктура, едноставно град без иднина опустошен и со раселени граѓани.

Затоа го прашуваме Талески

– Зошто е затворена Арт Медија?
– Кои се причините за нејзино затворање?
– Дали Арт Медија добивала средства од општина Битола и од други јавни претпријатија?
– Дали оваа фирма добила други донации?
– Дали идејата за Битола филмски град пропадна со затворањето на фирмата?
– Дали од оваа продуцентска куќа почнало неговото богатење?
– Дали еден од сопствениците е и близок роднина на сопругата на бившиот премиер Никола Груевски?

Јавноста бара и заслужува да добие одговори на овие прашања! Градоначалникот во заминување Талевски им должи одговори на граѓаните на Битола – рече Козаров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*