Home / Вести / Кривични пријави за екс министерот Миле Јанакиески

Кривични пријави за екс министерот Миле Јанакиески

СВР Битола, ПС- Прилеп преку Основното јавно обвинителство- Прилеп до Основното јавно обвинителствоза гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против лицата М.Ј.(39) од Скопје, Д.Р.(64) од Прилеп, С.Т.(63) од Прилеп и В.Ј.(51) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување”, предвидено и казниво по чл. 353 ст.1, 3 и 5од Кривичниот законик на Република Македонија.

Првопријавениот во временскиот период од 2007 до  2010 година, во својство на министер во Владата на Република Македонија ја  злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што спротивно на одредбите предвидени во Законот за продажба наопштествените станови чл.2 и 3, односно без Одлука од Владата– како сопственик настановите бр. 16 и 12 лоцирани во т.н. „пензионерска зграда” во Прилеп, која се наоѓа на ул.,,Димо Наредникот” бб, како овластен застапник на Владата, склучил Договори за купопродажба на предметните станови со лицата З.А  и Д.Р,,кои пак станови  лицата ги користеле врз основа на Решенија издадени од некогашниот Сојуз на борци како и Сојуз на пензионери. Второпријавениот по занимање нотар, трето пријавениот поранешен државен правобранител и четврто пријавената актуелен државен правобранител во својство на овластени лица кои требало да ја испитаат законитоста и дозволено стана склучувањето на предметните договори, не превзеле мерки и пропуштиле надзор за заштита на државниот имот на РМ, со што им овозможиле на овие лица да извршат откуп на становите по повластени цени, со што го оштетиле буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 2.595.976,оо денари, се вели во соопштението на СВР Битола.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!