Home / Uncategorized / Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски си поднесе оставка

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски си поднесе оставка

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, денес поднесе оставка од функцијата.

Аневски предмалку изјави дека се повлекува од функцијата од лични и семејни причини. Тој не образложи повеќе детали за ваквата одлука, но вели дека тоа нема никаква поврзаност со останатите повлекувања кои се случија периодов. Аневски имаше уште една година мандат за функцијата. Неговата оставка ќе се разгледува во четврток на седница на Советот. Инаку на денешната седница пред да даде оставка Аневски, Советот ја назначи Лилјана Спасовска за в.д јавен обвинител на републичкото обвинителство. Таа беше јавен обвинител во истото обвинителство и по годишен распоред заменичка на Зврлевски.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*