Home / Вести / Реакција на Кабинетот на Заев: Иванов греши

Реакција на Кабинетот на Заев: Иванов греши

Владата реагира на одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не го потпиште Законот за употреба на јазиците и вели дека тој е во согласност со Уставот и ја унапредува употребата на сите јазици, а не само на албанскиот.

-Во оваа прилика сакаме уште еднаш да нагласиме дека сите одредби во законското решение за употребата на јазиците се во согласност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија.
Со Законот ја унапредуваме употребата на јазиците на сите заедници во Република Македонија. Мотивот за донесување на овој закон е грижата за сите граѓани во Република Македонија, во која градиме општество еднакво за сите. Тое е концепт во кој оваа влада силно верува силно и кој ќе продолжиме и понатаму да го унапредуваме. Со Законот ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, што значи дека Законот, согласно ова, ја проширува употребата на јазиците во институциите и ќе овозможи на граѓаните да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик, вели Владата во писмената реакција.

Според Владата, Законот за употреба на јазиците не го доведува во прашање унитарниот карактер на Македонија, ниту, пак, употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо кои и понатаму остануваат единствени официјални службен јазик и писмо на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, одбраната, централната полиција и монетарната политика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!