Home / Вести / Седница на Централниот комитет на ВМРО за збогување со Груевски

Седница на Централниот комитет на ВМРО за збогување со Груевски

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува седница во партиското седиште. На него треба формално да ја потврди одлуката за вонредниот конгрес на партијата на 23 декември во Валандово, на кој треба да се констатира оставката на Никола Груевски и да се избере нов претседател.

Пред седницата Антонио Милошоски член на Извршниот комитет рече дека оставката на Груевски ќе биде прифатена бидејќи тој ја најавил како неотповиклива.

Денеска како што додаде ќе се утврди дневниот ред за вонредниот конгрес на партијата што ќе се одржи на 23 декември во Валандово и рокот за доставување на кандидатури за избор на нов претседател на партијата.

Според него е важно да има транспарентен конгрес.

– Помалку е битно новото име за претседател на партијата, повеќе е битен новиот концепт за делување на партијата како една здрава опозиција, истакна Милошоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!