Home / Uncategorized / Средното Економско училиште „Јане Сандански” прослави 92 години од постоењето

Средното Економско училиште „Јане Сандански” прослави 92 години од постоењето

Со низа активности и свечености подготвени од учениците и професорите беа одбележани 92 години од постоењето на средното економско училиште „Јане Сандански” од Битола и сто години од смртта на великанот и револуционер Јане Сандански.

На патрониот празник традиционално беа подготвени виртуелни компании од учениците од четврта година и професорите по економски предмети.

Од многуте активности на учениците

Од многуте активности на учениците

-Патронатот го одбележавме со  отворен ден за осмооделеницте, кои што ќе можат да се запознаат со нашето училиште, а воедно и со професорите. Како една од активностите се виртуелните компании кои се прават со реален партнер, исто така имаме и доделување на награди од награден конкурс како и промоција на вториот број на средношколскиот весник “Аманет” – истакна Мирка Вангелова, директор на СОЕУ „Јане Сандански” од Битола.

Отворен ден во училиштето

Отворен ден во училиштето

На програмата покрај виртуелните компании, имаше и литературно читање, изведба на драмата „Диво месо” од Горан Стефановски, песната „Умилкување” од Петре М. Андреевски, промоција на дело на историчарот Александар Литовски, промоција на вториот број на весникот Аманет, а исто така бесе промовирана првата МООДЛЕ училница во Македонија, која е под раководство на м-р Николче Шулевски.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!