Home / Македонија / Судијката Маргарита Цаца- Николовска барала 100 евра на час за консултативни услуги

Судијката Маргарита Цаца- Николовска барала 100 евра на час за консултативни услуги

Штедачите на ТАТ коишто најавија дека правдата за нивно обештетување ќе ја бараат во Стразбур,  се откажаа од услугите на судијката Маргарита  Цаца- Николовска која извесен период беше судијка во Стразбур во Судот за човекови права.

Имено, таа побарала за консултативни услуги што требало да им ги дава на штедачите на ТАТ околу составувањето на тужбата, по 100 евра на час.

Сите настојувања Цаца- Николовска  да ја спушти цената биле залудни, па така штедачите одлучија тужбата против Република Македонија да ја состави адвокатот Вања Атанасов кој што и пред тоа ги застапуваше штедачите во судскиот спор со Република Макеоднија.

Да потсетиме, овој судски спор што го води Здружението на наобештетени штедачи претставувано од Пеце Гугучевски, “татовци“ го загубија а пресудата падна и во Врховниот суд .

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*