Home / Uncategorized / Валентин Груевски: Горан Милевски ја ужива довербата кај членството

Валентин Груевски: Горан Милевски ја ужива довербата кај членството

Во врска со (дез) информациите дека наводно пратеникот на ЛДП од Битола и потпретседател на партијата, Горан Милевски не ја уживал довербата на членството за кандидирање за лидер на партијата на претстојниот партиски Конгрес, со реакција се јави и лидерот на општинската организација на ЛДП во Битола, и актуелен советник, Валентин Груевски.
-Горан Милевски на седницата на Извршниот одбор на партијата ја најави својата кандидатура за лидер на партијата и ние едногласно ја поддржавме. Милевски на претсетојниот Конгрес на ЛДП доколку се кандидира, ќе ја има апсолутната наша поддршка и верувам дека ќе победи на Конгресот. Тој со сето она што досега го има вложено во партијата, со својата чесност и храброст како и принципиелност, слободно може да ја води ЛДП во наредниот период. Инаку, секој кој што мисли дека може да застане на чело на ЛДП за лидер на партијата, има можност да се (само) кандидира а дали ќе ја добие довербата од членството ќе покаже времето- изјави за нашиот портал, лидерот на Општинската организација на ЛДП, Валентин Груевски.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*