Home / Uncategorized / Вообичаена излезност во Могила

Вообичаена излезност во Могила

Изборите во општината Могила која припаѓа на Четвртата изборна единица се одвиваат вообиечаено.

Според зборовите на претседателот на Општинската изборна комисија, Славко Велевски од запишаните 5455 гласачи, до 13 часот гласале 1785 гласачи што е 32,72%.

Се гласа на 23 избирачки места.

-Изборите во Могила се одвиваат во фер и демократска атмосфера а излезноста на гласачите е вообичаена како и на претходните избори,  а очекуваме бројот на граѓаните кои ќе излезат на гласање да се зголеми во попладневните часови кога Могилчани ќе завршат со вообичаените земјоделски активности, ни изјави Славко Велевски, претседател на Општинската избона комисија во Могила.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*