Home / Вести / Заев: Сеуште немаме двотретинско мнозинство

Заев: Сеуште немаме двотретинско мнозинство

Уставните измени во третата и последна фаза се на дневен ред на денешното продолжение на собраниската седница, откако вчера со 78 гласови „за“ беше усвоен дневниот ред на 75. седница, на кој, меѓу другото, се и предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите.

Премиерот Зоран Заев во интервју за Сител вчера рече дека двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени се уште нема и додаде дека тоа ќе се знае на самиот чин на гласање. Нагласи дека барањата на Алијансата на Албанците биле од технички аспект и тие се прифатени, а во однос на останатите барања, за кои се разговара, појасни дека се бара најдоброто решение за граѓаните од албанско етничко потекло.

-Во однос на останатиот дел за кој се разговара апсолутно се бара решение, затоа што во државјанството пишува македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, да не бидат номинирани како Македонци оти се Албанци, а сепак се граѓани на Република Северна Македонија или досега Република Македонија. Во една ваква констелација верувам дека ќе изнајдеме решение, тука се бара начинот – истакна Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!