Home / Uncategorized / Затвореникот што се самозапали транспортиран во Скопје

Затвореникот што се самозапали транспортиран во Скопје

Затвореникот од Куманово, кој доцна синоќа се самозапали во битолскиот затвор, кај Црн мост, по прегледот во Клиничката болница во Битола итно е транспортиран на скопските клиники.

Според изјава на лекарите од битолската болница, затвореникот кој бил примен на лекување бил со тешки опекотини и неговата здравствена состојба била доста тешка.

Но во болницата не сакаа да даваат други подетални информации за степенот на изгорениците. Сепак неофицијално се дознавадека затвореникот бил со над 50 отсто опекотини по телото.

Инаку, во битолскиот затвор за причините и мотивите што го натерале затвореникот да се самозапали не сакаат да даваат подетални информации.

Во затворот владее засега вистински  молк, а за начинот на кој се (само)запали и мотивите што го натерале за тоа затвореникот засега молчат и во СВР Битола.

Од таму ни соопштија дека со подетални информации ќе излезат подоцна.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*