Home / Вести / Мицкоски: Заев се договори за капитулација на Македонија

Мицкоски: Заев се договори за капитулација на Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, постигнатиот договор помеѓу Скопје и Атина го нарече лажна победа и договор за капитулација.

“Денеска е тежок ден за Република Македонија. Видовме прес на кој поразот се прикажува за лажна победа. Правото на јазик и националност се прикажуваат за извојувана победа. Тоа е нешто што ние го имаме загарантирано и пред овој договор. Колку и да се обидува Зоран Заев да демонстрира еуфоричност, се гледа од далеку дека ова е пораз. Тоа е чувството кај граѓаните,потиштеност и горчина. Преговорите се водеа во тајност. Опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ не беа вклучени во разговорите, сега е јасно зошто. Во суштина така наречениот договор е прифаќање на сите грчки позиции. Ако договорот е прифаќање на промена на уставот и промена на името за внатрешна и надворешна употреб, тоа е договор за капитулација. ”

Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски рече дека мора да има задолжителен референдум, а не консултативен и дека на истиот би гласал против промена на името.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!