Home / Македонија / МВР утврдува од какво оружје е пукано на зградата на Владата

МВР утврдува од какво оружје е пукано на зградата на Владата

Полицијата ги утврдува типот на оружјето од кое синоќа беа испукани два куршума во зградата на Владата, правецот од каде дошле, мотивите и евентуалните сторители, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Таа вели дека полицијата има остатокот од куршумот што дава информација за неговиот калибар, а оружјето од кое е испукан таков куршум може да биде различно оружје.

Јанкулоска изјави дека степенот на обезбедување на објектите од витално значење секогаш е на потребното ниво.

Два куршуми синоќа се испукани на зградата на Владата. Едниот завршил во покривот, а другиот во страничната фасада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*