Home / Вести / Почнува судскиот процес “ Транспортер 1 “

Почнува судскиот процес “ Транспортер 1 “

По речиси  повеќе од една година истрага,  утре, на 28 септември во Основниот суд Скопје 1, со почеток во 10.30 часот почнува судскиот прецес за “Транспортер “.

На обвинителната клупа, во Основниот суд Скопје 1 ќе се најдат градоначалникот  на Битола, Владимир Талески  и уште 20 други обвинети за случајот со “бесплатниот превоз” на учениците  во  “ Транспортер “.

Во Обвинетелнот акт поднесен од претседателката на СЈО за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Катица Јанева, напишан на 141 страница, покрај градоначалникот на Битола, Владимир Талески и неговата десна рака, секретарот на општината, Слободан  Бончановски, обвинети се уште вкупно 19 директори на основни и средни училишта, како и управители на автопревозни фирми, кои го вршеле “ бесплатниот превоз “ на учениците во Битола.

Обвинението единствено за случајот  “ Транспортер “ се откажа од гонење на екс  директорот на ОУ “ Гоце Делчев”, Јане Ангелевски, кој во почина.

Во меѓувреме, покрај СЈО  на барање на Основното јавно обвинителство од Битола, СВР Битола  деновиве ја прошири истрагата и поднесе нови  кривични пријави  за уште петмина  вработени во општинската администрација, членови на Комисијата за јавни набавки, под  кодното име “Транспортер 2”

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!