Home / Култура / Поп принцезата Каролина ги разнежни битолчани

Поп принцезата Каролина ги разнежни битолчани

Спекатакуларен концерт, синоќа во преполнетиот  Центар за култура- Битола одржа најпопуларната поп ѕвезда Каролина Гочева.

Каролина пред својата публика во Битола,  го претстави својот најнов проект „Македонско девојче 2”.  Концептот на овие концерти е истиот од промотивните концерти во МОБ во Скопје, кои се одржаа оваа година. Во првиот дел во целост беше изведен албумот „Македонско девојче 2”, а во вториот дел Каролина изведе песни од албумот „Македонско девојче 1”.

Освен со беспрекорниот вокал по кој е препознатлива Каролина, таа воодушеви и со прекрасниот стајлинг.
По концертот, во Битола, Каролина вечерва ќе има настап пред публиката во Охрид.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*