Home / Uncategorized / Протест против отворањето Каменолом над Битола

Протест против отворањето Каменолом над Битола

Денеска, попладнето на регионалниот пат Битола-Ресен-Охрид се одржа протест на кој битолчани го искажаа своето незадоволство од отворањето на Каменолом над Битола.

На протестот зборуваше потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски.

-Веќе извесен период и во Советот на Општина Битола, но и во јавноста се води дебата за новиот рудник за експлоатација на минерална суровина-гранит на локалитетот „Билбил Камен”.  Се работи за рудник кој е оддалечен околу 2,5 км. од централното градско подрачје и само  800 метри од првото населено место, поради што  се наметнуваат и прашањата: Дали рудникот ќе има штетни последици по  здравјето на битолчани, дали истиот ќе влијае врз зголемување на бројката на заболени луѓе од респираторни заболувања? Дали е направена соодветна физибилити студија, а доколку студија има зошто истата не е доставена на увид на советниците во Советот на Општина Битола- праша Кирацовски.

13508896_1164905966909348_6201597590784060871_n

Тој притоа го постави прашањето, дали со оглед дека  рудникот излегува на магистрален пат кој во иднина е планиран за експресен пат има содветно сообраќајно решение?

Со оглед на тоа што поради РЕК Битола е еден од најзагадените градови, се поставува прашањето за одговор на сите дилеми во врска во изградбата на Каменоломот- рече Кирацовски.

Во врска со протестот со соопштение во јавноста се јавија од ВМРО-ДПМНЕ.

13555564_1348345228514230_2094044539_o[1]

Во изјавата за медиумите меѓудругото се нагласува:

– СДСМ врши опструкции на било какви проекти кога и самите знаат и кажуваат дека дозволата за експлоатација на минералните суровини и договорот за концесија на рудникот се издадени од надлежните институции во Репубика Македонија  согласно важечката законска регулатива. И покрај тоа што се издадени сите дозволи и исполнети се законските обврски за СДСМ сепак во ова има тема за прес и манипулација на јавноста. Локацијата за рудникот (а не каменоломот како што тие тврдат) е утврдена од страна на Министерството за економија по претходно добиено мислење од сите релевантни министерства, вклучително и Министерството за животна средина.

За соодветната локација исто така е изготвена Студија за влијание врз животната средина. Дополнително, концесиониерот е обврзан да изврши ремедијација на самата локација односно да пошуми исто толкава површина колку што во текот на работата ќе експлоатира. Оваа инвестиција нуди и нови работни места , кои за СДСМ изгледа и незначат ништо, за нив најдобро би било кога работите би останале исто како во нивно време-возвратија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Инаку, концесијата за изградба на Кеменолом над Битола, пред извесно време беше предмет на жестока дебата во Советот на Општина Битола.

Притоа советниците на опозицијата се заканија дека со жив штит ќе ја спречат изградбата на Каменоломот, но и покрај таквите предупредувачки закани,  фирмата “Стентон Градба” која што ја доби концесијата за изградба на Каменоломот сите овие месеци непречено работеше за отворање на овој Каменолом.

Оттаму,  тврдат дека од министерството за економија ги имаат добиено сите потребни документи за изградба на Кеменоломот.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*