Home / Политика / СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со стари проекти во новите избори

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со стари проекти во новите избори

-Антонио Милошоски, битолчани имаат можност да го видат само за време на парламентарни избори кога ветува ридови и долини, а штом тие завршат од него нема ни трага ни глас. Еве веќе петти пат кај што е носител на ДПМНЕ во изборната единица , а очигледно ни доаѓа со програмата од 2006. година.  За нештата да бидат потрагични зад него стои и целото локално раководство на ДПМНЕ вклучувајќи ги и нивните пратеници и советници. И така сите заедно одново ни ги ветуваат истите проекти кои досега требаше да бидат веќе реализирани- обвини денеска на прес-конференција портпаролот на битолската СДСМ, Борче Корлевски.

Тој  ги потсети за нивните досегашни ветувања кои не се реалиирани како, изградба на пречистителна станица за отпадни води која ја ветија во 2009 година. Катните  гаражи кои исто така ги ветија во истата  година. Санирање на долговите на средните и основните училишта во Општина Битола, кои како што обвинува СДСМ биле  последица од криминалните договори за превоз на учениците и нивното недомаќинско работење.

-Наместо тоа имаме училишта со блокирани сметки и долг од околу5 милиони евра. Што значи долгот наместо да се намали, значително се зголеми. Ски центар за Копанки на Пелистер. Од овај проект до ден денес нема ништо. Хотелски комплекс “Нижеполе” кој е ветен пред 3 години. Уште едно празно ветување. Реконструкција и трансформација на Домот на АРМ, попознат како Офицерски. Наместо тоа сакаа да го продадат под сомнителни околности. После бурните реакции на јавноста продажбата беше откажана, а Груевски вети 2 милиони евра за негова реконструкација. Денес , домот е руиниран, стариот кристален лустер искршен и нормално нема ни траг од најавените 2 милиони евра- обвини портпаролот на битолската СДСМ, Борче Корлевски.

-Господа од ДПМНЕ, ова се само дел од вашите долго најавувани проекти од кои нема апсолутно ништо. Наместо да продолжите со своите лаги најмалку што можете  е да се извините пред битолчани за пустошот кој го направивте. Доколку сте заборавиле уште еднаш ќе ве потсетиме дека од Битола направивте град во кој имаме спорт во изумирање, стопанство на колена, најзагаден воздух во Европа, запоставен универзитет, град од кој младите масовно се иселуваат и најголема стапка на канцерогени заболувања во Македонија- обвини Корлевски.

 

 

Б.В.

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*