Home / Спорт / Пелистер без управа

Пелистер без управа

Фудбалскиот клуб Пелистер како што стојат работите остана  без управа. Според информации на порталот на Битолски весник сопствениците на доминатниот пакет акции од 75 отсто: ЗК Пелагонија, Орка Холдинг, Пелистерка и Жито Битола   дефинитивно одлучиле да го вратат клубот на Општианата. Иако постоеја некои најави дека тие сепак ке се попишманат, по се изгледа дека од тоа нема ништо. Тие останалецврсто  на одлуката да ги вратат клучевите.

Со тоа  Пелистер се соочува со тотално распаѓање, банкрот и во крајна дистанца исфрлање во најнизок ранг на натпреварување.

Токму поради ваквата ситуација  тимот веќе го напуштија интернационалеците Лукас, Фернандо, Ковачев, но и најдобрите фудбалери Илијоски, Тошевски, Попзлатанов, Јовановски, Пеев, Петров, Цветаноски, Драгарски…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!